4.000 полицајци низ улиците во Атина

Од:

Повеќе од 4.000 полицајци на должност се распоредени низ улиците на Атина, поради посетата на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

Владата ги забрани демонстрациите во главниот град, бидејќи парламентот синоќа ги усвои новите мерки за штедење.

Шојбле би требало да се сретне со грчкиот премиер, Антонис Самарас и други официјални лица.

Парламентот вчера ги одобри новите мерки за штедење со кои се овозможува масовно отпуштање и трансфер на вработените во јавните сектори, што предизвика нови протести.

Двата најголеми синдикати не планираат да протестираат денес, но се очекува вработените во јавните сектори попладне да излезат на улиците.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит