Претседателот на Србија, Томислав Николиќ денес изјави дека неговата држава со големи чекори се движи кон имплементацијата на сите преземени обврски за европскиот пат и дека е подготвена да ги реши сите проблеми.
Николиќ изрази уверување дека до крајот на јануари ќе се одржи меѓународната конференција на ЕУ за Србија, на која официјално ќе започнат пристапните преговори.
-Тие чекори подразбираат продолжение на реформите, спроведување на бриселскиот договор и промоција за мир во регионот чиј иницијатор и клучен фактор е Србија- изјави тој по состанокот со европскиот комесар за проширување, Штефан Филе.
Според него се очекува некои работи да бидат особено тешки и чувствителни, но Србија како што истакна уште пред 12 години знае што стои во книгата за условите за приклучување во ЕУ.
Како што рече, Србија веќе покажала дека е подготвена да ги решава своите проблеми, како слободата на движење, правосудството, енергетиката и телекомуникациите.
Елена Георгиевска