Од денеска сезонски воз за Солун

Од:

МЖ Транспорт од денеска воведува сезонски воз на релација Скопје – Солун – Скопје. Сезонскиот воз ќе сообраќа за време на викендите се до 30 септември.

Сезонскиот воз се воведува како резултат на договорот постигнат меѓу МЖ Транспорт и Грчките железници.

Возот ќе тргнува од Скопје секоја сабота во 05:05 наутро и преку Велес, Неготино и Гевгелија ќе стигнува во Солун во 10:24 часот по грчко време. Од Солун возот ќе тргнува секоја недела во 20:11 часот по грчко време и во Скопје ќе пристигнува во 23:11 часот.

Цената на возниот билет на релација Скопје – Солун, односно Солун – Скопје за втора класа ќе изнесува 12,20 евра, а повратниот Скопје – Солун – Скопје и обратно 20 евра.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска