„СДСМ измисли безброј лаги и ги искористи студентите за да дојде на власт. Спротивно на сите предизборни измислици, денес студентите во Македонија не добиваат поквалитетен степен на образование, не живеат во модерни студентски градови и не вежбаат во модерни теретани како дел од тие студентски градови“, вели Александра Петровска од Унијата на млади сили.
„СДСМ ги лаже, манипулира, дискриминира и омаловажува студентите. Ги смета за наивни и ја потценува нивната интелигенција. СДСМ даде безброј предизборни ветувања кои подоцна, откако сфатија дека ги изгубија локалните избори, решија да ги искористат како казна за студентите кои не ги поддржаа.
На голем број студенти им беше укинато правото на субвенциониран студентски оброк кој во предизборниот период беше користен како главна алатка за манипулација на студентите. Покачување на стипендии добија само еден дел од студентите, останатите се дискриминирани и оставени сами на себе.
Нема вработување после дипломирање, но затоа има енормно иселување на младите надвор од државата.
Студентите се свесни дека се излажани и искористени, затоа СДСМ веќе ја нема нивната поддршка.
Студентите покажаа пркос и храброст, и на локалните избори го казнија овој хибриден режим во заминување.
Како УМС на ВМРО-ДПМНЕ ветуваме и се обврзуваме дека студентите ќе живеат достоинствено, онака како што доликува на иднината на државата“, изјави Александра Петровска.