Бектеши: АД ЕСМ не го прекрши Законот за енергетика

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека АД ЕСМ не го прекрши Законот за енергетика со тоа што не достави понуда на првиот повик на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за набавка на потребните количини на електрична енергија за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи за првите шест месеци од наредната година.

Во Законот, како што вели, не пишува дека треба да има понуда на првиот повик.

-Во Законот пишува дека најголемиот производител треба да понуди на универзалниот снабдувач, а може да има и втор и трет повик. Дополнителни барања од страна на ЕВН Хоум ќе има и ние имаме право до крајот на годината преку ЕСМ со одлука на Владата да го задолжиме ЕСМ да понуди 60-70-80, 90 или, пак, 100 отсто од потребите на универзалниот снабдувач. Цената ја одредува Владата, а не ЕСМ. Ја очекуваме анализата на ЕСМ и во момент кога ќе се достави до Владата, Владата ја одредува цената со која ЕСМ ќе влезе во тендерот на ЕВН Хоум. Тие веќе прават калкулации за наредните шест месеци и во моментот кога ќе стигне предлог од страна на ЕСМ ние како Влада ќе ја утврдиме цената која ќе биде за домаќинствата и за малите потрошувачи за наредните шест месеци, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата. Како што додаде, сигурно е дека ќе има уште тендери од страна на ЕВН Хоум до крајот на годината пред формирање на цената на електричната енергија за тарифните потрошувачи од страна на Регулаторната комисија за енергетика.

Порача дека е добредојдена ако во моментов има компанија на ниво на Европа или во светот што може да понуди помала цена од 36,1 евро за мегават час.

-Ако може странска компанија да понуди помала цена од страна на ЕСМ за потребите на домаќинствата тоа секако дека ќе се очекува многу добро од наша страна, но тоа сега во моментов не може да се случи имајќи во предвид дека моменталната цена со која испорачува ЕСМ до ЕВН Хоум електрична енергија е 36,1 евро, а цените на светските берзи се многу повисоки, рече Бектеши.

Посочи дека Комисијата во која има членови од сите енергетски компании и од различни институции и на локално и на државно ниво работи секојдневно и нема предложено дополнителни мерки за излез од енергетската криза.

-Стоиме на мерката во делот на трансфер на средства за енергетските компании. Најверојатно сите средства ќе бидат префрлени до ЕСМ бидејќи ЕСМ има обврски кои треба да ги плати спрема МЕПСО, а дел од тие средства се токму и за таа намена, прецизира Бектеши.

Би можело да ве интересира

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Петрушевски: ДЗР откри неправилности во работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 година

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Бислимовски: Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции