Ѓорѓиевски: Фекална канализација од 1.100 метри, со ова решаваме 30-годишен проблем на над 200 домаќинства

Од:

„Денеска како што можете да забележите после 30 години на Речиште започнуваме со изградба на фекална канализација, проблем со кој што нашите сограѓани се мачеа изминативе 30-тина години, а беше приоритет, еден од приоритетите во нашата програма. Овдека денеска започнуваме со зафат кој што вклучува 1.100 метра фекална канализација, практично цел овој појас овде од околу над 200 домаќинства ќе бидат покриени и на тој начин ќе го решиме овој нивни долгогодишен проблем“, рече Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода.

„Дополнително за овој проект ние како општина издвоивме 17.5 милиони денари средства пари од нашите граѓани кои што ги насочуваме директно кон нив“, додаде градоначалникот на Кисела Вода.

„Ова е почеток во периодот кој што следи, продолжуваме со реализација на ветеното и со она кое што излеговме пред граѓаните. Наше е да работиме, нашето мото на овие избори беше политичарите не им е местото во канцелариите и во дебелите кожни фотелји, туку местото им е меѓу народот и реализација на ветените проекти. Така и ќе продолжиме, нема да кукаме колку е лоша состојбата, сите знаеме дека состојбата е катастрофална. Ајде луѓе да ги засукаме ракавите и да работиме, ако било лесно немало да бидеме ние ќе биле некои други“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода