За половина година во Гостиварско 145 сообраќајки

Од:

Едно лице го загубило животот, а 80 биле повредени во сообраќајните несреќи, кои се регистрирани во изминатите шест месеци на патиштата и улиците во Гостивар и Гостиварско. Вкупно се случиле 145 несреќи, три помалку од лани, информираат од СВР Тетово.

Од вкупниот број несреќи во првото полугодие 54 биле со потешки последици или 11 повеќе од минатата година. Штетата по несреќите, се проценува на над 7 милиони и 700 илјади денари.

Најмногу, поточно 88 несреќи се случиле на отворен пат, а 57 во населени места.

Службениците од гостиварското Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај, во овој период извршиле  контрола на  5.886 возила и возачи. За непочитување на сообраќајните прописи поднесле 1.055 барања за поведување прекршочна постапка, издале 688 платни налози и 531 покана за наплата на глоба. Од сообраќај биле исклучени 156 возила и 171 возач.

За непочитување на законите, поднесени се 32 кривични пријави за на 30 познати и 2 со непознат сторител.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Скопје – Блаце, повредени се шестмина косовски државјани

Пијан „возач“ без возачка дозвола излета од пат кај Кочани, едно лице е тешко повредено

Горан Наумовски

Трагедија во Германија: Возеше автомобил во погрешна лента, загинаа две лица

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Обровац: Двајца мртви, уште двајца итно префрлени во болница

Несреќа во Скопје: Мотоциклист заврши со тешки повреди на „Партизанска“

Сите патници во комбето што излета од патот Котор-Никшиќ се српски државјани: Загина 21-годишна девојка