„Хари Потер“: 20-годишнина

Од:

Оригиналната актерска екипа од серијалот „Хари Потер“ ќе биде повторно обединета 20 години по првиот филм. Специјалното издание на „Ејч-би-о макс“, со наслов „Враќањето во Хогвортс“ ќе биде објавено на 1 јануари 2022 година, соопшти стрим-платоформа.

Даниел Редклиф, Руперт Гринт и Ема Вотсон ќе му се придружат на американскиот режисер Крис Колумбус за да разговараат за филмовите и да го истражат нивното создавање. Специјалното издание ќе им покаже на обожавателите „магично патување во прво лице низ еден од најомилените филмски серијали на сите времиња“, како што соопшти „Ејч-би-о макс“.

Програмата е објавена точно 20 години од американското прикажување на првиот филм – „Хари Потер и Каменот на филозофот“, на 16 ноември 2001 година.

Трејлерот од 52 секунди прикажува исечоци од неколкуте светски познати филмови и ветува дека „легендарната актерска екипа“ ќе се врати „таму каде што магијата започна“. На триото ќе му се придружат и други ѕвезди, како Хелена Бонам Картер, Роби Колтрејн, Ралф Фајнс, Џејсон Ајзакс, Гери Олдман, Имелда Стаунтон и Том Фелтон.

Би можело да ве интересира

Ретко издание на „Хари Потер“ продадено за рекордна цена

Авторката на серијалот „Хари Потер“ издаде нова книга која поради пандемијата ќе биде бесплатна

А1он