Авторката на серијалот „Хари Потер“ издаде нова книга која поради пандемијата ќе биде бесплатна

Од:

Џ.К. Роулинг ги изненади обожавателите најавувајќи нова книга за деца, која од денеска ќе биде објавувана во делови на нејзината веб-страница и ќе биде достапна бесплатно.

„Икабог“ е бајка и прва детска приказна на авторката која не е поврзана со „Хари Потер“, серијата книги за момчето волшебник, што и донесе светска слава.

Роулинг ја напишала „Икабог“ пред повеќе од една деценија за своите деца и решила да ја објави за време на пандемијата, пренесува Би-Би-Си.

– Таа е за децата кои се во карантин, па дури и за оние кои одат на училиште во период на овие чудни, вознемирувачки времиња, рече таа.

Поглавјата „Икабог“ ќе бидат објавувани секој ден од денеска до 10 јули.

Би можело да ве интересира

„Разговори со Конески“ од Цане Андреевски во издание на „Матица македонска“

Ана Ололовска

Романот „Амбасади“ на Луан Старова објавен на бугарски јазик

Ана Ололовска

Нов број на списанието „Македоника“

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Мое виножито“ од Даниела Ангелова – Прнарова

Ана Ололовска

Промоција на „Порој од пепел“ од Исток Улчар

Ана Ололовска

Романот „Круг“ од Димитар Башевски објавен во Софија

А1он