Задолжителна вакцинација за вработените во јавниот сектор и за здравствените работници, предлага Комисијата за заразни болести

Од:

Комисијата за заразни болести утринава со консензус донела одлука да предложи нови рестриктивни мерки до Владата, а со цел заштита од коронавирусот. Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека до Владата ќе предложи сите вработени во јавниот сектор и во локалната самоуправа и во сите државни институции за да одат на работното место, да прикажат сертификат за барем една примена вакцина, направен ПЦР тест не постар од 72 часа на своја сметка, потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена или потврда дека не можат да примат вакцина поради здравствени причини.

Комисијата предлага и вакцината да биде задолжителна за сите здравствени работници.

„Препорачуваме до овие мерки да се приклучат и приватните компании. Ова впрочем го докажува и писмото што ни го достави и Сојузот на стопанските комори, со цел да се заштити целокупниот економски процес во земјата“, рече Филипче.

Тој вели дека овие мерки би стапиле во сила 10 дена откако ќе ги усвои Владата, а здравствените работници ќе имаат рок од 30 дена за да се вакцинираат.

Освен тоа, Комисијата предлага да се ажурира процесот за контрола на сертификатите, од страна на МВР и на инспекторатите, односно преку достапните апликации и QR кодовите на овие апликации да се проверува дали сертификатите што ги приложуваат лицата се валидни.

„Пред нас е зимски период, сезона на грипови, настинки, има пациенти со други болести, не е само ковидот, и од тие причини не можеме да го оптеретуваме здравствениот систем и болниците не можат да се занимаваат само со ковид пациенти“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Буџетот е празен, ребалансот е тотален дебакл на Мицкоски

А1он

Филипче: Нема да дозволиме изборен грабеж, нашиот став е принципиелен

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја