Научете го детето да не биде себично

Од:

Додека го гледате детето како со другарчињата се расправа околу играчките, тешко ви е да поверувате дека тоа е само минлива фаза. Но, не грижете се премногу, бидејќи сите деца во еден период од својот развој имаат проблем со делењето.

Додека се мали децата се подготвени да делат се со другите деца, од остатоците од храна до омилените играчки. Психолозите велат дека за бебињата делењето е природно и тоа е форма на комуникација и поврзување.

Кога ќе наполнат една година драстично се менува нивниот начин на интеракција со светот и
тоа влијае на нивното однесување. Кога детето почнува повеќе да разбира и да го користи јазикот тогаш тоа ќе почне да граба играчки од другите деца или врескајќи ќе се бори за своите.

Во исто време кај детето се јавува и загриженост, бидејќи станува свесно дека се што ќе подели со другите не го добива секогаш назад. Доаѓањето на друго дете во домот исто така може да ја намали дарежливоста. Кога ќе наполнат две и пол години децата стануваат територијални и свесни што на кој му припаѓа. Ова е позитивна фаза, во која детето го развива сопствениот идентитет.

Следат неколку совети како да ја поттикнете дарежливоста кај децата:

Бидете му пример

Поделете го со него сендвичот, покажете му дека и вие ги делите работите со партнерот или прашајте го дали можете да си играте со неговите нови играчки. Доколку семејството, во кое детето расте не е себично, нема да биде ни детето.

Разговарајте со детето за делењето и зошто тоа е добро

Доколку друго дете почна да си игра со неговите играчки објаснете му дека другото дете нема такви играчки и прашајте го дали е во ред да му ги позајми.

Поставете граници

Научете го детето дека не смее да си игра со се, бидејќи некои од работи се опасни или им припаѓаат на други луѓе.

Дозволете му да детето да одлучи, кои играчки не сака да ги дели

Доколкуму доаѓаат другарчињата, седнете со детето и заедно одвојте ги играчките кои е подготвено да ги дели. Доколку детето го присилувате да дели, особено омилената играчка, во него уште повеќе ќе се разбуди желбата да ја задржи за себе.

Бидете доследни во спроведувањето на правилата

Одредете време колку секое дете може да си игра со една играчка и по тоа време мора да дојде до размена. Доколку избие кавга, пронајдете друга играчка и охрабрете го детето да ги праша пријателите дали сака да се сменат со играчките. И малите деца знаат да преговараат, секогаш наградете го кога дели со другите деца.

Наскоро детето ќе научи дека заедничката игра е многу позабавна, а делењето повеќе нема да биде обврска, туку забава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска