Во Скопје 148 санкционирани возачи, 33 за брзо возење

Од:

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилени сообраќајни контроли изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 33 санкции.

Од МВР информираат дека девет мерки се изречени за возење без возачка дозвола, четири мерки за минување на возила на црвено светло, 57 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, три за возење под дејство на алкохол, а 26 мерки за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози