ИЈЗ: Минатата недела за 8,1 отсто помалку заразени до Ковид-19

Од:

Намалување од 8,1 отсто на бројот на новозаразени од Ковид-19 минатата седмица во споредба со претходната, бележи Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во неделниот извештај за состојбата со коронавирусот во земјава.

Од 8 до 14 ноември од Ковид-19 заболеле 3.218 лица, што е за 286 помалку од периодот меѓу 1 и 7 ноември.

Минатата недела се тестирани 21 346 лица, за 3,5 отсто помалку од претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 10,7 до 20,4 отсто, а просечно 14,8.

Најмногу новозаразени има во Скопје. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапени се лицата над 60 години (4,6 проценти). Најмалку заболени се регистрирани кај возрасната група од 0-9 години (3,2 проценти). Според полот, 52,1 отсто од заболените се жени, а 47,9 машки.

Пријавени се 77 смртни случаи, најмногу од возрасната група над 60 години.

Активни на Ковид-19 се 8 331 лице, хоспитализирани се 534, од кои 343 се на кислородна поддршка и 21 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Минатата недела се евидентирани и 2 660 оздравени лица.

ИЈЗ регистрирал и 36 реинфекции, за 26,5 отсто помалку во однос на претходната недела. Заклучно со 14 ноември вкупно се пријавени 822 реинфекции, што е 0,39 отсто од вкупниот број на досега заразени кој изнесува 209 449 лица.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски