За да ги задоволат меѓународните финансиери, грчките пратеници синоќа го изгласаа Законот со кој се отпуштаат или прераспределуваат 25.000 вработени во јавниот сектор, главно наставници, полицајци и општински работници
Законот со тесно мнозинство мина во Парламентот, а се носеше под силен притисок од јавноста и протести.
Овие пакет мерки, според владините претставници се неопходни за продолжување на исплатата на меѓународна помош тешка 6,8 милијардие вра.
Овие работници ќе имаат осум месеци да најдат нова работа или да ја прифатат онаа што ќе им биде понудена. Во спротивно, ќе се најдат на улица.