Владиката Пимен намерно оцрнет

Од:

Владиката Пимен вчера вечер беше жртва на намерна и недолична провокација и обид за дезинформирање.

На профилот на Европската епрахија, преку кој Владиката ги искажува јавно и слободно своите ставови некој постави фотографии од гола жена.

Медиуми блиски до власта, веднаш објави текстови со наслов: Голи девојки на „Фејсбук“ страната на Европската епархија, создавајќи намерно создавајќи впечаток дека Владиката Пимен сам објавил вакви фотографии.

Владиката напиша дека е злоупотребена страната.

eeparhija

„Поради неподесување на можностите за дозвола за објавување на ѕидот на епархијата, денес некој го злоупотреби тоа со ставање на недолични фотографии. Верувам дека ова нема да се повтори и воедно молам прошка од сите оние кои оваа постапка ги соблазни“ – напиша владиката Пимен.

Владиката Пимен стана мета за напад и дискредитација од страна на провладините медиуми, откако јавно го осуди заведување на луѓето да дојдат и да демолираат во општина Центар, лежно информирајќи ги дека градоначалникот наводно сакал да урива црква.

Владиката кажа и дека имал убедување од пратеникот Илија Димовски како да постапува, а беше сериозно нападнат и од самиот премиер.

screenshot_2013-07-17-18-37

Би можело да ве интересира

Отец Пимен: Стоилов треба да се почитува како шампион и човек со свој став

Ана Ололовска

Анима Мунди: Се најадовте ли добро Отец Пимен?

Ана Ололовска

Излезе од печат втората книга на отец Пимен

Ана Ололовска

Отец Пимен: Барајте одговорност и од мене што бев за втор мандат на Иванов

Ана Ололовска

Стеванаџија до Пимен: „Потсеќаш на дедовците од МапеД шоу, а владика си“

Ана Ололовска

Владика Пимен: Јас сум на страната на студентите

Емир Латифовиќ