Градоначалникот на Општина Тетово одржа прес-конференција со цел да ги претстави планот за работата во првите 100 дена од мандатот кој се состои од триесетината точки. Една од точките по кои рече дека ќе се постапува се преглед на договори на дело според кои општината исплаќала хонорари на луѓе меѓу кои има и такви кои не оделе на работа.
-Мое решение е сите договори да се прекинат и службите прават анализи дали тие договори се реализирани и дали плаќањата по тие договори се согласно закон. За се што е платено спротивно на законот ќе побарам тие средства да се вратат во буџетот на општината. Сите договори се до 31.12. Во моментот додека не се прекинати тие договори тие што одат на работа, одат. Тие што не одат за нив веќе има посебен извештај од администрацијата. Има над 350 договори на дело на определено време за кои не знаеме што работи вршеле за потребите на општината. Испаѓа дека повеќе се исплаќало за договор на дело затоа што редовно вработени се 340 лица, а над 350 има со договор на дело, изјави Биљал Касами.
Градоначалникот најави дека се испитува можноста градскиот паркинг да биде бесплатен.
– Во моментот на јавни паркиг места по булевари и улици е бесплатно, претријатието прави анализи што понатаму. По анализа ќе има преструктуирање и ќе се испита плаќањето на паркинг, рече Касами.
Тој рече дека продолжува анализирање на инфраструктурните проекти кои поради тоа се во застој.
– Комисијата што излезе на терен да ги преиспита инфраструктурните проекти кои се во тек, овие денови треба да има конечен извештај и според тоа ќе излеземе со посебна прес конференција каде ќе ги објавиме резултатите од таа анализа, рече Касами.
Градоначалникот најави дека по утврдување на долгот на општината, комуналните претријатија училишта и градинки податоците ќе ги објави на веб страницата на општината и на јавни места.
Тој истакна дека има пресуда од судот според која ќе сеостранат столбчињата со кои досега беше обележана велосипедска патека на булеварот „Илинден“. Според него нема пари за предновогодишно украсување на градот и организирање на новогодишна прослава. Во четврток ќе се одржи и конститутивна седница на Советот