Во Дубаи губењето на килограми се наградува со злато

Од:

Властите во Дубаи ќе ги наградуваат со злато граѓаните кои ќе успеат да ослабат, објавија локалните весници, истакнувајќи дека оваа одлука е донесена во рамки на неодамна започнатата кампања за борба против дебелеењето во Емиратот.

„Вашата тежина чини злато“, гласи слоганот на кампањата со која на дисциплинираните граѓани им се ветува дека ќе добијат по грам злато за секој изгубен килограм, под услов до 16 август да ослабат минимум два килограми.

Иницијативата се поклопува со месецот Рамазан, во текот на кој муслиманските верници постат од изгрејсонце до зајдисонцето.

Многумина, меѓутоа, во текот на ноќта се препуштаат на задоволствата на добрата и обилна храна и покрај предупредувањата дека тоа би можело да им наштети на здравјето.

Трите лица кои ќе изгубат најмногу килограми во текот на кампањата ќе добијат по еден златник вреден 20.000 дирхами (5.449 долари), додека другите „губитници на тежина“ ќе ги поделат златниците во вкупната вредност од 200.000 дирхами.

Учесниците ќе мораат да користат ваги поставени на јавни места и се обврзани да не посегнуваат по нездравите методи на слабеење. Доколку сакаат ќе можат да добијат совети од нутриционисти.

Повеќето земји од Персискиот Залив се обидуваат да го намалат процентот на дебелина меѓу населението.

Би можело да ве интересира

Совети за потенок струк

Ана Ололовска

Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Ана Ололовска

Дебелината значително ја зголемува смртноста од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Огромна трансформација на американскиот актер: Имал 220 килограми, денеска е преполовен

Ана Ололовска

Повеќе од една четвртина од Русинките страдаат од дебелина

Ана Ололовска

ОН: Дебелината се заканува да биде нова глобална пандемија во светот

А1он