Птичји грип се шири низ Еврпа

Од:

Во изминатите денови регистрирани се неколку сериозни епидемии на птичји грип во Европа и Азија, што укажува дека вирусот повторно почна брзо да се шири, соопшти Светската организација за здравје на животните (ОИЕ).

Со избувнувањето на птичјиот грип се зголемува и загриженост во живинарската индустрија бидејќи десетици милиони живина беа уништени за време на претходните епидемии. Дополнително, епидемиолозите се загрижени бидејќи овој вирус може да се пренесе на луѓето.

Досега оваа година Кина пријави 21 инфекција со подтипот на птичји грип Х5Н6 кај луѓето, што е повеќе отколку во 2020 година, јави Си-Ен-Ен.

Птичји грип во Азија

Јужна Кореја пријави појава на болеста на фарма со околу 770.000 живина во провинцијата Чунгчеонгбук-до, соопшти ОИЕ. Поради тоа сите животни беа заклани.

Во Јапонија, првата епидемија на птичји грип во зимската сезона во 2021 година е забележана на живинарска фарма во североисточниот дел на земјата.

Европа

Вирусот е регистриран и во Норвешка во округот Рогаланд во јато од 7.000 птици, соопшти ОИЕ. Епидемиите обично се случуваат наесен и се шират на дивите птици преселници.

Белгиската Влада наложи од вчера живината да се чува во затворени простории откако беше идентификувана високопатогена варијанта на птичји грип во дива гуска во близина на Антверпен.

Ова следи по сличен потег во соседна Франција претходно овој месец и во Холандија во октомври.

Високо патоген птичји грип H5 се појави на мала живинарска фарма во централна Англија, потврди британскиот министер за земјоделство пред една недела, а Полска пријави и појава на птичји грип Х5Н1 на неколку фарми.

Ќе биде уништена целата живина во погодените локации во Британија, во близина на Алчестер во Варвикшир. Болеста се појави пред помалку од една недела откако Британија прогласи национална зона за превенција од птичји грип, наредувајќи им на фармите и на луѓето кои чуваат птици да ги заострат мерките за биосигурност.

Сојот Х5Н1 претходно беше потврден кај мало јато кокошки во северен Велс, на истокот на Шкотска и во центар за спасување птици во централна Англија.

Полска, исто така, пријави појава на птичји грип Х5Н1 на неколку живинарски фарми со вкупно 650.000 парчиња живина, според ОИЕ. Вирусот се шири во Европа во изминатиот месец и е потврден во Германија, Италија и Данска. Птичјиот грип не може да се пренесе на луѓето со консумирање производи од живина.

Би можело да ве интересира

Регистриран нов случај на птичји грип кај угината гуска во скопско Злокуќани

Посетителка во Зоолошката градина побарала да се тестира за птичји грип

АХВ: Потврден е случај на присуство на вирусот на Птичји грип во Зоолошката градина во Скопје

Работници на живинарска фарма во Колорадо се заразиле со птичји грип

Жена во Кина почина од комбинирани соеви на птичји грип

Катерина Ѓуровски

Девојче во Камбоџа почина од птичји грип, прв случај по 9 години

Ана Ололовска