Ѓоковиќ се израмни со Лендл по бројот на победи на завршните турнири

Од:

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ денес, во првото коло „Зелена група“ на завршниот АТП турнир во Торино го победи осмиот на светската ранг-листа, Каспер Руд од Норвешка со 2:0. Првиот сет беше решен во тај-брејк со 7:4 за Србинот, додека вториот заврши 6:2.

За Ѓоковиќ ова е вкупно 39-та победа во кариерата на завршните АТП турнири. Според овој индикатор, тој е втор изедначувајќи се со Иван Лендл. Роџер Федерер има најмногу победи, вкупно 59.

-Ова е седми пат кога годината ја завршувам како рекет број еден во светот. За мене ова е неверојатен настан. Моето патување продолжува и се надевам дека ќе играм уште неколку години, рече Ѓоковиќ по победата над Руд.

Во „Зелената група“ уште играат Стефанос Циципас и Андреј Рублев.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го совлада Чехот, Томаш Махах

Зверев и Пол во третото коло на Австралија Опен

(ВИДЕО) Новак пцуеше по победата на АО – поради провокатор не можеше да го сокрие бесот

А1он

Откажан Австралија опен

Еден од најтешките порази во кариерата на Новак Ѓоковиќ

Ѓоковиќ го совлада Монфис и се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн