Маричиќ: Не можам да бидам рамнодушен за условната казна за сообраќајката во Охрид во која починаа две момчиња

Од:

Министерот за правда Бојан Маричиќ очекува праведна одлука на повисоките судови, во врска со случајот во кој Основниот суд во Охрид донел пресуда со која возачот кој предизвикал сообраќајка лани во август на патот Охрид-Пештани во која загинале две лица, а три биле тешко повредени, добил само условна затворска казна од четири години и глоба од околу 3.000 евра. Маричиќ очекува Судскиот совет будно да го следи целиот случај.

-Како министер за правда, но, пред се како човек и родител не можам да бидам рамнодушен по одлуката на судот, кој пресуди условна казна за сообраќајката во Охрид во која две момчиња починаа, а три девојки беа тешко повредени. Очекувам праведна одлука на повисоките судови, а Судскиот совет будно да го следи целиот случај, напиша министерот за правда на својот фејсбук-профил.

Изминатиот период во јавноста од лица блиски на загинатите момчиња излегоа информации дека на 20 октомври годинава Основниот суд во Охрид ја донел пресудата за условна казна и парична глоба иако, како што нагласуваат тие, лицето што ја предизвикало несреќата возело со брзина двојно поголема од дозволената. По појавата на овие информации следа бројни реакции на јавноста.

Би можело да ве интересира

МВР објави детали: тројца повредени во сообраќајката во близина на скопскиот аеродром

Сообраќајна несреќа го затвори патот до скопскиот аеродром

Катерина Ѓуровски

Teшка сообраќајка на патот Прилеп – Градско, двајца загинати

А1он

Изборните реформи влегуваат во завршна фаза

Тешка сообраќаjка кај Задар – двајца загинати

А1он

Груевски уште е државјанин на Македонија, постапката за екстрадиција продолжува, велат од Министерството за правда

Катерина Ѓуровски