Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, амбасадорот на Швајцарија Стефано Лазарото, в.д. постојаниот претставник на УНДП Алесандро Фракасети и градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезовски денеска на прес-конференција ќе најават нови 1,3 милиони швајцарски франци за проектот за заштита на Преспанското Езеро.
Реализацијата на преоктот почна во јули минатата година. Неговата вкупна вредност е 6,3 милиони швајцарски франци. Финансиски и технички тој е поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП.
Проектот е заснован на Планот за управување со сливот на Преспанското Езеро – прв план од ваков тип во Македонија изработен во согласност со европските директиви.