На „Скопско лето“ вечер ќе гостува групата од Унгарија „Фабула раса“ која ќе изведе концерт на платото пред Универзалната сала. Шестчлениот состав е формиран во 2006 година.
– Во нивната музика се чувствува влијанието на унгарскиот и на балканскиот фолк. И покрај тоа, песните на групата се компонирани од самите членови. Нивниот трет албум се пробива како најдобар во Унгарија во 2010 година и се вбројува во категоријата на светската музика, соопшти „Скопско лето“.
„Фабула раса“ ги има освоено најугледните унгарски музички награди, Фонограм-наградите. Сега работат на својот четврти албум.