ВМРО-ДПМНЕ: Ние не сме истражен орган, но очигледно партијата на премиерот во заминување, Заев е

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ не е истражен орган но очигледно партијата на премиерот во заминување Заев е. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите надлежни институции да го истражат случајот поради кој се упадна во четвртокот во домот на пратеник на денот кога требаше да се гласа за недоверба на владата“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Славјанка Петровска.

„Истиот ден кога власта упадна во домот на пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ исто така се дрзна и да киднапира пратеник. И тоа е се со цел луѓето на премиерот во заминување Зоран Заев да останат некој ден повеќе на власт и да имаат можност да направат уште некој криминал.

Го повикуваме обвинителството да го испита случајот, а партијата на премиерот во заминување да побара расветлување на низа други криминални случаи каде постојат вистински докази, како што е случајот рекет и тврдењето дека парите завршиле кај Вице и Зоран Заев.

Додека Славјанка беше државен секретар во МВР, Спасовски издавал пасоши на мафијаши низ целиот свет. Кога СДСМ ќе побара расветлување на овие случаи?

Граѓаните му порачаа крај на Зоран Заев на локалните избори.

Наместо Славјанка Петровска да шири лаги преку прес конференции, нека го повика Зоран Заев да си ја оствари ветената оставка.

Крајот на СДСМ е се повидлив. За сите криминали и невистини премиерот во заминување Зоран Заев ќе одговара“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ