(ВИДЕО) Васев: Мицкоски да поднесе оставка, не успеа неговиот обид да ја врати државата назад

Од:

„Изминаа три дена откако се сруши големата лага на Христијан Мицкоски дека има 61 пратеник за недоверба на Владата и за ново парламентарно мнозинство. Заради пуста желба за власт, докажаниот губитник Мицкоски седна на иста маса со политичари кои се против НАТО и ЕУ, кои се против Охридскиот рамковен договор, против концептот Едно општество за сите“, вели Стефан Васев од СДСМ.

„Целата јавност виде дека Мицкоски и Димитар Апасиев се едно исто, дека Левица е исто што и ВМРО-ДПМНЕ.

Три дена Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бесрамно лажат дека наводно бил киднапиран пратеник и бараат брзи парламентарни избори.

Наместо да бара брзи предвремени избори губитникот Мицкоски да даде оставка за тоа што ја лажеше јавноста, да даде оставка затоа што повторно се поразени неговите обиди да ја врати државата назад.

Граѓаните не сакаат и не заслужуваат политичари кои немаат став, кои едно зборуваат а друго прават, политичари кои работат на штета на интересите на граѓаните и државата.

СДСМ, граѓаните и сите демократски сили нема да дозволат државата да биде препуштена на несериозни, неодгворни, недораснати и опасни политичари каков што е и Мицкоски, послушникот на Никола Груевски.

СДСМ, граѓаните и сите демократски сили продолжуваат да работат на реформите важни за напредокот на државата и одново ќе ги поразат деструкциите и блокадите на нечесниот и неодговорен Мицкоски“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он