Пожар беснее во близина на Атина

Од:

Голем пожар од синоќа беснее во реонот на местото Алепохори во близината на грчкиот главен град Атина.

Како што објави електронското издание на весниот „Та Неа“, пожарот зафатил шумски регион и засега продолжува да се шири.

Во гаснењето на огнот се вклучени над сто пожарникари и неколку десетици доброволци и војници.

Во исто време, во текот на ноќта противпожарните екипи успеале да го локализираат пожарот што дивееше на планината Парнет.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит