(ВИДЕО) Петровска: Нов скандал за нелегално финансирање на партија, дали во него се вмешани и лица блиски до Мицкоски?

Од:

„Јавноста е запознаена дека Управата за финансиска полиција има отворено предистрага за нелегално финансирање на политичка партија. Станува збор за голем скандал. Според јавно објавените информации преку препродажба на ниви по десеткратно повисока цена обезбедени се милионски средства, на нелегален, криминален начин“, рече Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.

„Постои основано сомневање дека на крајот овие црни пари завршиле во белиот дворец. Едно од лицата кај кои е вршен претрес во предистражната постапка е и таткото на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ширење лажни вести и невистини за наводни притисоци кон пратеникот беше всушност одбрана на криминал. Јавно прашаме дали во овој скандал на нелегално финансирање се вмешани лица блиски до Христијан Мицкоски?

Дали меѓу тие лица се и членови на обезбедувањето на Мицкоски и функционери на ВМРО-ДПМНЕ? Очекуваме одговори и од Мицкоски: каква е неговата поврзаност со овој скандал?

Во меѓувреме, истрагата на Управата за финансиска полиција и другите надлежни инситуции треба да ги даде сите одговри. За секој за кого ќе утврди одговорност за овој случај, мора да следува соодветна одговорност согласно законите“, изјави Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Бесплатен оброк за сите ученици, родителите ќе заштедат 2.500 денари месечно

Ливриниќ: Жителите на Скопје Север со право се разочарани, со години наназад слушаат ветувања, а состојбата е непроменета

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и човечност се два различни поими

Шукова: Во моментот 99 отсто од отпадот кој се собира во Скопје се депонира на Дрисла, тоа не се европски пракси

Каранфилова-Пановска: Време е за промена, Куманово заслужува повеќе со Мартин Костовски

(ВИДЕО) Мојсова Мијовска: Нема да бидам заложник на големите бизнис интереси и центри во општината, градот или земјата, особено не на штета на граѓаните на Карпош