Санкционирани 431 возач за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на тертиторија на државата во текот на вчерашниот ден, при што санкционирани се 431 возач.

– Од нив, 73 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 196 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 235 надвор од населено место, соопшти МВР.

Од Министерството информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила со цел побезбеден сообраќај.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози