(ВИДЕО) Арсовски: Оставка веднаш – Заев е најголем лузер, најголем измамник и киднапер!

Од:

„Отсуството на срам за сите случувања изминативе 4 години во СДСМ и кај Зоран Заев, а вклучително и кај неговите протагонисти чии фотелји и бизниси зависат од власта на Зоран Заев е највисок чин на потврда дека Република Македонија е водена од мафија по теркот на јужно-америчките нарко картели. Најпрвин крадеа изборни процеси со гласање на 4 секунди, потоа почнаа да шверцуваат дрога преку државни органи и ресурси, за на крај да киднапираат пратеници за да ја задржат власта преку која крадат, пустошат, малтретираат и го држат жив хибридниот режим. За сето ова е виновен Зоран Заев“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Република Македонија е водена од нарко картелот Заеви и тоа веќе се потврди откако почнаа да киднапираат пратеници.

Зоран Заев е лидер на нарко картел, а не на Влада. Најпрвин да се разбереме, граѓаните одлучија дека се против оваа Влада на локалните избори, каде ВМРО-ДПМНЕ со 100.000 разлика го поразија расипничкото и мафијашко владеење на СДСМ.

Зоран Заев и СДСМ се најголеми лузери и губитници на овие избори, каде што на површина излегоа сите нивни фекалии и криминалии. Целото ова претање, мачење и киднапирање од нивна страна, само го одложува нивниот пад, кој што повеќе се одложува, толку ќе биде поболен.

Зоран Заев бидејќи е свесен дека е криминалец и народот бара да биде сменет, не им веруваше на сопствените пратеници и не ги пушти да влезат во собраниската сала и да го поддржат.

Веќе не е во прашање политика, партија или кожата на криминалците од СДСМ и Заев, веќе е во прашање иднината на државата и иднината на граѓаните, која што ја уништија економски, ја опљачкаа и опустошија.

Ако го погледнете лузерот Заев, сите ќе сфатите дека тој е очаен и човек во агонија, кој заради тоа што е киднапиран од сопствените криминални пориви, мораше да киднапира како власт пратеник за да се спаси од одговорност некое време.

Ако Зоран Заев ја киднапира СДСМ како партија и не сака да ја испорача оставката, народот е тој кој ќе му ја испорача оставката и ќе го прати во историја.

Би сакал да упатам една порака до оние кои се сметаат за чесни функционери на СДСМ, жалосно е да го браните од петни жили најголемиот криминалец во историјата на Македонија, бидејќи со тоа го браните криминалот, се согласувате дека не треба да има одговорност за 14 изгорени во Тетово, се согласувате со шверцот на дрога, се согласувате со хибридниот режим.

За крај, одговорност мора да има и ќе има. Дали сега или понатака, одговорност мора да има. Што побрзо ја даде ветената оставка за изгубените избори, толку побрзо ќе ја ослободи државата неговите криминални пориви“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски