На територија на СВР Тетово санкционирани 128 возачи

Од:

Полициски службеници на територија на СВР Тетово санкционирале 128 возачи за управување со возилото со брзина поголема од пропишаната, а поради истата причина на територијата на СВР Битола се казнети 63 возачи.

– Денеска полициски службеници од СВР Тетово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Тетово, при што санкционирани се 128 возачи. Од нив, 60 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а 11 со дури над 70 километри на час над дозволеното. 69 санкции се изречени на територија на Гостивар, а 59 на територија на Тетово, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираа дека денеска полициски службеници од СВР Битола спровеле засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 63 возачи -18 санкции се изречени на територија на Битола, 19 на територија на Прилеп.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, истакнаа од МВР.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава