Народната банка ги претстави макроекономските проекции пред меѓународната заедница

Од:

Проекциите на Народната банка за темпото за закрепнување на македонската економија и за инфлацијата се многу блиску до проекциите на меѓународните финансиски институции и Европската комисија, било истакнато на состанокот што Народната банка вчера го имала со претставници на меѓународните институции и дипломатскиот кор.

Проекциите на Народната банка се економски раст за годинава од 3,9 проценти, додека ММФ и Европската комисија предвидуваат раст од 4 проценти, а Светска банка од 4,6 проценти. Во однос на инфлацијата, за оваа година, проекциите на Народната банка се 3,1 процент, што е идентично и со проекцијата на ММФ и слично на проекцијата на Европската комисија од 3,3 проценти, а Светската банка проектира умерено пониска инфлација од 2,4.

Состанокот, како што соопшти Народната банка, се одржал преку видеоконференциска врска, а на него присуствувале претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Обединетите нации (ООН), Програмата за развој на ООН (УНДП), Делегацијата на Европската Унија (ЕУ), како и на дипломатските претставништва на Унгарија, Чешка, Украина, Словачка, Бугарија, Соединетите Американски Држави (САД), Кина, Германија, Словенија, Грција, Романија, Швајцарија, Шпанија и Косово.

Во презентацијата, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска посочила дека макроекономското сценарио и ризиците околу него и овојпат се условени пред сѐ од натамошните случувања поврзани со здравствената криза, нарушувањата во глобалните синџири на снабдување и производство и актуелната енергетска криза.

Гувернерката се осврнала и на очекувањата за натамошен солиден кредитен и депозитен раст. Како што посочила, се очекува кредитна активност на банкарскиот сектор, којашто ќе го поддржи закрепнувањето на економијата. Според проекциите, кредитната поддршка оваа година ќе изнесува 7,1 процент и постепено ќе забрза достигнувајќи околу 8 проценти на среден рок. Слични се очекувањата и за движењето на депозитите.

– Претставувањето на макроекономските проекции на Народната банка пред дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните финансиски институции е редовна практика, а имајќи ги предвид околностите со пандемијата, по третпат се одржа преку видеоконференциска врска, информираат од Народната банка.

Би можело да ве интересира

Гувернерката ги прими стипендистите од ЕФА: Народната банка дава поддршка за развој на младите

Народната банка потпиша меморандум со Клубот Алпбах за унапредување на финансиската писменост

Годишен раст на зелените кредити од 26 отсто во првиот квартал од 2024 година

Народна банка предупредува за измами: Не давајте лични податоци на лица кои лажно се претставуваат

НБ: Основната каматна стапка останува 6,30%, економскиот раст и инфлацијата во рамки на очекуваното

Викторија Глигорова од Народната банка: Банкарскиот систем во нашата земја и натаму е сидро на стабилноста

A1on