Белата куќа е загрижена поради ситуацијата на границата меѓу Полска и Белорусија

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден изрази голема загриженост поради мигрантската криза на границата меѓу Полска и Белорусија.

– Изразивме загриженост до Русија и Белорусија, рече Бајден доцна синоќа пред да замине на викендот што го поминува во претседателската резиденција во Кемп Дејвид.

Западните земји го обвинуваат белорускиот претседател Александар Лукашенко дека го организира пристигнувањето на мигрантите на границата со Полска, членка на Европската унија (ЕУ), како одговор на санкциите на ЕУ воведени против Белорусија поради репресија на опозициските демонстранти.

Потпретседателката на САД, Камала Харис, која е во посета на Франција, вчера рече дека активностите на Белорусија се „многу загрижувачки“.

САД редовно го критикуваат режимот на Лукашенко и се меѓу земјите кои воведоа санкции против Белорусија.

На крајот на јули Бајден ја прими белоруската опозиционерка во егзил, Светлана Тихановскаја.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња