На кеј „13 Ноември“ во Скопје денеска ќе се одржи фестивалот „Нови простори”.
Фестивалот нуди можности за учество на повеќе категории: „Нови поетски пространства“ со читање по една нова авторска песна на тема „Просторот во мене“, потоа „Акустика под арката на мостот“ со соло настапи на акустични изведувачи под арката на Камениот Мост, како и „Уметност на кеј“ со продажна изложба на нови уметнички дела, амбиентална театарска претстава, класични звуци во некласично опкружување…
Дел од фестивалската програма се и „Танц на кеј“, „Отворен микрофон“, … „Бродот наречен Скопје“ – вечер на к раткиот расказ, како и „Разговор со Горан“ – пладневно матине посветено на творештвото на Горан Стефановски.
Фестивалот го организира Македонски центар за култура и развој, со финансиска поддршка од Град Скопје.