Во рамки на одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, денеска напладне ќе се одржи онлајн манифестацијата „Го градам мојот град“.
Ќе може да се проследи како децата од градинките го гледаат својот град, преку нивните макети и модели кои ги создаваат со своите учителки.
Објектите кои ги осмислуваат и ги градат се по нивен избор, како и „градежниот материјал“: коцки, цртежи, природни материјали, лисја, дрвца, камчиња, се што нуди природата.
Организатор на манифестацијата е Детскиот културен центар „Карпош“ – Скопје.