Неколку авиокомпании ќе спречат превоз на бегалци кон Минск

Од:

Европската Комисија попладнево соопшти дека по интензивни контакти со авиопревозниците на Блискиот Исток повеќе од нив се заложиле да спречат превоз на бегалци кон Белорусија.

Откако последниве два месеци илјадници бегалци од Блискиот Исток се заглавени помеѓу Белорусија и Полска, Европската Унија оцени дека треба да се дејствува врз авиокомпаниите кои учествуваат во превозот на бегалци.

Според достапните информации, режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко организирано превезува баратели на азил од бројни земји на Блискиот Исток ветувајќи им дека ќе можат да ја преминат полската граница и да влезат на ЕУ територија. Полска ги спречува овие луѓе да влезат.

Европската Комисија денеска соопшти дека е во контакт со повеќе меѓународни федерации на авиопревоз и индивидуални авиокомпании за да го “спречи шверцот со луѓе кон граничниот регион во Белорусија”.

Портпаролката Дана Спинант рече дека сите авиокомпании со кои Комисијата била во контакт „силно го осудиле” Лукашенко и неговите обиди за шверц со луѓе и се заложиле да се борат против оваа појава.

Во Ирак е добиена заложба дека нема да летаат авионите за Минск повеќе додека турскиот авиопревозник Туркиш Ерлајнс ќе ги суспендира сите летови во еден правец кон Минск.

Во наредните недели Европската Унија ќе разговара за санкции против оние авиокомпании кои не соработуваат за да бидат ставени на црната листа на ЕУ како соучесници во трговија со луѓе.

За ова ќе разговараат министрите за надворешни работи на ЕУ идниот понеделник.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он