СДСМ е против предвремени избори

Од:

Криење зад брзи избори навистина нема смисла пред граѓаните после толку кажани лаги вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска коментирајќи го барањето на ВМРО-ДПМНЕ за брзи предвремени избори.

„Сега не е време за избори, време е за одговорност бидејќи сме соочени пред многу предизвици како што е енергетската криза, живеачката на граѓаните, пандемијата, продолжување на патот кон ЕУ, и токму затоа време е за одговорност и не е време за брзи и предвремени избори„ – вели Кузеска.

„Следуваат разговори со сите демократски пратеници, со сите демократски сили, со сите демократски партии кои што го поддржуваат токму тоа што вчера и го потврдија, и секако дека во наредниот период СДСМ интензивно работи на обезбедување на напредокот на државата“ – рече портпаролката на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он