Кога ќе дојде време за одмор, немаат сите положби за спиење позитивно влијание врз нашето тело. Во одделни случаи, начинот на кој спиеме може негативно да влијае на здравјето на телото.
Спиење на грб
Добри работи: Оваа поза е одлична за балансирање на тежината на телото и држењето на внатрешните органи. Оваа поза исто така спречува болка во вратот и во грбот. Само водете сметка да спиете со перницата под колената за да одржите правилна положба на ’рбетот.
Лоши страни: Доколку ’рчите, тогаш би требало да се свртите на страна. Спиењето на грб може само да го влоши ’рчењето.
Спиење на страна
Добри работи: Спиењето на страна, во фетална положба, може да го намали притисокот на грбот. Битно е да ја ставите перницата така што вашата глава е во неутрална положба за да не падне и да не влијае врз држењето на телото. Дополнителен бонус на оваа поза е и намалување на киселините.
Лоши страни: Имате среќа, во оваа положба нема негативни страни, бидејќи е проследена со природната положба на ’рбетот.
Спиење на стомак
Кога имате болки во долниот дел на ’рбетот, повременото спиење на стомак може да го намали притисокот.
Лоши страни: Дури и доколку сакате да спиете на стомак, во прашање е положба која со себе носи најголем ризик. Спиењето на стомак може да ја сплосне природната линија на долниот дел на грбот. Оваа положба исто така создава непотребен притисок врз нервите.