Пратениците позитивни на Ковид-19 го напуштија Собранието, но ќе се врателе повторно

Од:

Двајцата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски и пратеничката Ангелинка Петкова, си заминаа од Собранието.

Мицевски појасни дека ќе се врати, но морал да излезе поради тоа што „така налагале протоколите“.

Тој не прецизираше во колку часот ќе се врати, а на прашање дали ќе обезбедат 61 пратеник за гласање недоверба на Владата, рече дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски веќе дал изјава за тоа.

Двајцата пратеници денеска со скафандери дојдоа во Собранието, бидејќи се позитивни на Ковид-19, со цел да гласаат на седницата за доверба на Владата.

Тие требаше да гласаат во посебна просторија.

Собраниската седница за гласање недоверба на Владата не почна, откако пратеникот на Беса Кастриот Реџепи не дојде во Парламентот, па партиите што го иницираа гласањето не можеа да направат мнозинство од 61 пратеник.

По шпекулациите дека е можеби киднапиран, Реџепи во меѓувреме се јави преку видео порака на Фејсбук, велејќи дека е добар и дека чека да поминат заканите.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски