(ВИДЕО) Митрески: Народот е излажан, нема ново мнозинство во Собранието

Од:

„После подолг период Христијан Мицкоски кажа една голема вистина, а тоа е дека ова мнозинство во Собранието ќе расте“, изјави Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

Тој вели дека Мицкоски ја излажал јавноста дека има 61 глас за ново мнозинство и за гласање недоверба на Владата.

„За овој негов неуспех Мицкоски нека не бара алиби, само на себе може да си се лути и да му се гади. Со денови еуфорично пумпаше невистини дека има 61 пратеници. Народот е излажан, нема ново мнозинство во Собранието и тој треба да ѝ се извини на јавноста и да понесе одговорност“, рече Митрески, додавајќи дека Мицкоски седнал со анти-НАТО и анти-ЕУ структури, како и партии кои се против концептот „Едно општество за сите“.

Митрески рече дека не знае каде се наоѓа пратеникот од БЕСА Кастриот Реџепи и дека очекува да излезе во јавноста наредниот период и да каже што му се случувало.

„Знам дека Реџепи како пратеник, како колега, е за европскиот и евроатлантската иднина на нашата држава“,изјави тој.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски