Деветнаесетгодишен возач од Куманово со „ауди” удрил во пешак

Од:

Деветнаесетгодишник од Куманово со „ауди” удрил во пешак, соопшти денеска СВР Куманово.

– Вчера, околу 17: 40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Никола Тесла“ во Куманово, патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од К.К.(19) од Куманово, удрило во пешак Д.Т.(43) од Куманово. Во несреќата Д.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово, соопшти кумановската полиција.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок