ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да ги избрка инвеститорите од Македонија на подмолен начин

Од:

Закупот за којшто говори СДСМ се уште не се плаќа, бидејќи договорот штотуку беше склучен. Фирмата која ќе го плаќа закупот ќе се докапитализира, или додека да почне да генерира приходи ќе ги исплаќа обврските од средства кои ќе ги добива од фирмата-мајка.

За склучувањето на договорот, фирмата закупец има доставено банкарска гаранција во вредност од 3 милиони евра, со која државата се заштитува и, доколку не се исполнуваат обврските од договорот, не само што ќе се наплати банкарската гаранција, туку и договорот за концесија ќе биде раскинат, му одговори ВМРО-ДПМНЕ на СДСМ во врска со договорот за агрокомбинатот „Џумајлија“.

– Станува збор за единствена фирма која има доставено првокласна банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот иако законот неа не ја бара. Ова ја потврдува сериозноста на овој закупец, нагласува ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката партија во реакцијата наведува дека висината за концесискиот надометок е во рамки на законските износи за земјоделско земјиште од 1-4 и 5-8 класа.

– Овој износ на закупнина е во рамките на висината од претходниот закупец АК Џумајлија. Впрочем тврдењата на СДСМ за субвенциите кои ќе ги добива закупецот на АК Џумајлија, се целосно неосновани.  Тоа е нивна интересна математичка гимнастика и тие повторно покажуваат  тотално непознавање на законската регулатива и програмата за директна финансиска поддршка во земјоделството. За културите за кои е издаден договорот, под услов сите да се обработени, согласно овогодишната програма, закупецот би добил максимално 85.000 евра,  што е далеку од износите кои СДСМ ги наведува, стои во дописот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакцијата пишува дека за „Сахара Груп“ во Македонија важат истите закони како и за фирмите на сите други, вклучително и на блиските на СДСМ и фирмите на нејзиниот претседател  Зоран Заев кои, посочува ВМРО-ДПМНЕ, ги користат бенефициите од политиките на оваа Влада и добиваат субвенции од државниот буџет.

– Во сегментот на инвестиции во туризмот, се уште не е склучен договор со „Сахара Груп“. Досегашните нивни инвестициски активности во туризмот се купопродажбата на еден хотел од приватен сопственик. За секоја нивна друга инвестиција во иднина, што подразбира купување на државно земјиште ќе се испочитува законската процедура, што подразбира распишување тендер или поточно електронска лицитација за продажба на земјиштето, наведува ВМРО-ДПМНЕ во одговорот до СДСМ.

Владејачката партија и порачува на опозициската „да се надмине себеси и да помогне во воспоставувањето добра клима за инвестирање во Македонија“.

– СДСМ сака и очајно се обидува да ги избрка потенцијалните инвеститори во Македонија заради тесни партиски интереси и желбата да се врати на власт, заклучува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања

(ВИДЕО) Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ