ВИДЕО: Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со скафандери дојдоа да гласаат за недоверба

Од:

Двајцата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и Ангелина Петкова, пристигнаа во Собранието во сканданери, за денешната седница на која треба да се гласа за недоверба на Владата. Тие дојдоа со свои возила, а во Собранието влегоа по отпочнување на седницата. Пред Собранието беа пречекани од новинарите, а спроведени од службите. На седницата беа сместени во салите за превод, секој одделно.

„Се надевам дека овојпат нема да има кривичми пријави за биолошки тероризам“, рече Талат Џафери на седницата, по што даде пауза.

Ова е вторпат како пратеници доаѓаат во скафандери да гласаат. Претходно, во април годинава, пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска со скафандер и со амбулантно возило пристигна за да обезбеди кворум во Собранието иако беше заразена со Ковид-19. Тогаш, тоа наиде на критики од ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата. Поради ова, од Левица беше поднесена и кривична пријава за биолошки терорирзам.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски