Стоилковски: Полиција во дом на пратеник е притисок од Заев на ден на гласање недоверба на Влада

Од:

Режимот паѓа онака како што и владееше, недостојно и недостоинствено, со многу криминал и злоупотреби на институциите. Токму на денот кога се гласа недоверба на владата, режимот на Зоран Заев прави притисок врз опозициски пратеници и пушта полиција за претрес во домот на пратеникот којшто престојува со своите родители рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

„Токму во очи на гласањето, финансиска полиција влегува во домот на родителите на Јован Јаулески, дом во којшто и тој престојува, во 5 часот наутро да врши претрес, да вознемирува, одзема телефони и што ли уште не. Притисокот, полициска бруталност, судски налози, ливчиња и политички нарачани налози за дом на пратеник токму денеска кога се гласа недоверба на владата на овој режим на Зоран Заев! Влетува финансиска полиција на Арафат Муарем, партиски војник којшто одработуваше и за време на изборите во корист на режимот.Токму од сите денови, токму денеска, Зоран Заев, Оливер Спасовски и Арафат Муареми испратија полиција во дом на пратеник на опозицијата! Целта не бил пратеник, целта бил негов родител, којшто и ова ќе додадам, не е приватен стопанственик, не е трговец поединец“ – рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ