Пратеник од БЕСА не се појави на седницата за недоверба, колегите од партија не кажуваат каде е и зошто не одговара на повиците

Од:

Кастриот Реџепи од БЕСА не се појави на закажаната седница за недоверба на Владата од 11 часот. Според неофицијални информации, тој не е ниту достапен на неговите телефони, со што ниту неговите колеги не можат да го искомуницираат. „А1он“ се обиде да ја потврди информацијата преку пратеникот Фадил Зендели исто така пратеник од БЕСА, но тој по прашањето рече: „Попосле ќе се слушнеме“ и не одговори на истото.

На повиците не одговара ниту Билал Касами, претседател на БЕСА и поранешен пратеник. Според неофицијални информации, ниту семејството на пратеникот Реџепи кој го нема во Собранието на седницата, а се потпиша на иницијативата, не знае каде е тој.

Талат Џафери ја напушти седницата во Собранието за да не биде 61 пратеник кој ќе направи кворум на седницата. Ова доаѓа откако заврши пребројувањето на пратениците во салата. Џафери кажа дека продолжението ќе го води потпретседателот на Собранието, бидејќи тој не е поддржувач на иницијативата за недоверба на Владата.

„Не сум поддржувач на иницијативата и нема да бидам 61 тука“, рече Џафери и ја напушти седницата.

Седницата продолжи со потпретседателот на Собранието. Потоа, Дафина Стојановска, заменик координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, побара и доби еден час пауза.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он