Договорена соработка меѓу македонската и грчката железница

Од:

Македонски железници – Инфраструктура и Грчките железници ќе ја интензивираат соработката. За таа цел наскоро ќе биде потпишан меморандум за соработка.

Ова денеска во Скопје го договорија директорите на двете претпријатија Ирфан Асани и Панајотис Теофанопулос, кои остварија средба меѓу двете компании по 25-годишна пауза.

Двајцата директори меѓу другото разговараа за поставување на заедничка станица каде ќе се врши примопредавањето на возовите, а разгледана е и опцијата за повторно воведување на патничкиот воз до Солун за кој треба да се разгледаат сите аспекти на исплатливост.

– Ќе се обидеме да го воведеме тој воз, но се зависи од тоа колку е исплатливо да се воведе таа линија. Не треба да се доведеме во ситуација да влеземе во загуба, истакна Асани на прес-конференцијата по средбата.

Според директорот на Грчките железници, денешната средба меѓу раководствата на двете претпријатија е историска, а соработката меѓу железниците е важна за да има подобар и побезбеден железнички сообраќај.

– Треба да соработуваме затоа што само така ќе имаме побезбеден, подобар и поевтин железнички сообраќај. Сите пруги треба да се поврзани и да имаме еднакви стандарди. Не се работи за македонски, српски или грчки железници, туку за железница како целина во која треба да имаме побрз пренос на патници и стоки. Еден воз кога ќе тргне од Пиреа или Атина и ќе стигне во Германија, тогаш тој воз не е само грчки, туку на сите држави низ кои поминува, потенцира Теофанопулос.

Железничкиот сообраќај на Коридорот 10 е намален за три ипол пати во споредба со периодот пред економската криза, а една од причините поради која европските бизнисмени се повеќе ја заобиколуваат Македонија, според директорот Асани, е лошата железничка инфраструктура.

–  Имавме 28 црни точки каде имавме бавно движење на возовите, односно тие се движеа со намалена брзина од 20 километри на час. Исто така, имаме и други проблеми кои ги немаат земјите кои веќе се дел од ЕУ како Бугарија и Грција. Имаме чекање на стоката на царинска или полициска контрола која во дадени ситуации трае и со часови, нагласи Асани.

Би можело да ве интересира

Бочварски: Правиме либерализација на железницата оти граѓаните плаќаат 25 милиони евра, а не добиваат услуги

A1on

Попуштените мостови и расипаните возови не се пречка: Македонија ќе гради брза пруга од Скопје кон Ниш

A1on

Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

A1on

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

A1on

Втор ден не сообраќа возот на релација Велес-Прилеп-Битола и обратно

Директори им се закануваат на машиновозачите со откази наместо да делат плата: „Нашата плата е 23.000, а не 60.000 денари“

Горан Наумовски