Филе во Белград ќе го донесе поглавјето 35 за нормализација на односите со Косово

Од:

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Белград ќе донесе порака за добредојде и охрабрување, но и став дека преговорите нема да бидат завршени без поглавјето 35, кое се однесува на Косово, според информациите на Радио Слободна Европа, јави Танјуг.

Филе денеска пристигнува во дводневна посета на Белград, каде ќе се сретне со српски претставници, ќе разгледа до каде се европските реформи, но според РСЕ, заедно со поглавјето 23 и 24, ќе стартуваат и разговорите за поглавјето 35, посветено на спроведување на договорот за нормализација на односите со Косово.

Поглавјето 35 е инаку последно во агендата задачи кои Србија треба да ги совлада и досега носеше ознака „останати прашања“, но со појаснување дека во случајот со Србија „останатите прашања“ значат нормализација на односите со Приштина, РСЕ наведува дека тоа практично значи дека пристапните преговори не можат да завршат без успешно затворање по тоа прашање.

Би можело да ве интересира

Земјотрес погоди два града во Србија

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград