Иранските власти го ослободија запленетиот виетнамски танкер

Од:

Иранските власти денеска ослободија танкер кој плови под виетнамско знаме, а кој неодамна беше запленет од припадници на Иранската револуционерна гарда.

„Запленетиот танкер со нафта „Сотис“ е ослободен по наредба на судот“, се наведува на официјалната веб-страница на Револуционерната гарда.

Бродот е ослободен, како што се додава, откако во Бандар Абас, иранското пристаниште во Персискиот Залив, била испразнета „нафтата што и припаѓа на Исламската Република Иран“.

Виетнамските власти соопштија дека соработуваат со Иран на расветлување на случајот со запленувањето на танкерот, додавајќи дека 26 членови на екипажот се во добра здравствена состојба.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел