Санкционирани 76 возачи вчера во Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден, 9 ноември, при контрола на сообраќајот на територијата на Скопје се изречени 76 мерки.

За возење без возачка дозвола се изречени 14, седум санкции за возење повеќе од дозволената брзина, пет мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири за минување на црвено светло и четири за нерегистрирани возила.

– Сообраќајните контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава