Грција денеска гласа за мерките за штедење

Од:

Грчките законодавци денес ќе гласаат за новите мерки за штедење, кои го вклучуваат и контоверзниот план за отпуштање и преместување на 25.000 работници од јавниот сектор, покрај масовните протести против реформите, неопходни за продолжение на исплатата за меѓународната помош.

Парламентот во Атина треба да го одобри законот кој што е потребен за да Гриција ја добие следната помош од 6,8 милијарди евра, пренесе „Франс прес“.

Според предложените реформи, вработените во јавниот сектор, вклучувајќи и наставници и полиција, ќе имаат осум месеци да најдат ново работно место или да го прифатат тоа кое што ќе им биде понудено, а во спротивно ќе бидат отпуштени. До крајот на јули замислено е преместување на околу 4.200 работници.

На вчерашните протести во Атина и Солун учествуваа повеќе од 20.000 лица. За денес се планирани нови собири.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит