Бранко Коцкица го активираше детекторот за метал во белградското собрание – тргнал со нож на седница

Од:

Членот на градското собрание на Белград, Бранко Милиќевиќ, попознат како Бранко Коцкица, внесе нож во собраниската сала каде денеска се одржуваше седницата на Градското собрание.

Тоа го открил детекторот за метал на самиот влез во објектот во „Крал Милан“, каде привремено се одржуваат седниците на белградскиот парламент, пренесува „Блиц“.

Имено, Миличевиќ, како и сите кои дошле на седницата, морал да помине низ детектор за метал.

Детекторот почна да свири додека поминуваше, а незгодното пребарување на чантата кратко траеше.

Како што пишува Новости, тој се сетил дека заборавил да го остави швајцарското ноже, па го предал на обезбедувањето кое привремено го задржало до крајот на седницата.

Седниците на градскиот парламент веќе извесно време се одржуваат во привремената сала, во поранешниот дом на Народното собрание во Крал Милан.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

(ФОТО) Тргнаа 11 автобуси од Македонија: Поддршка за Србија

А1он