Бугарија ќе настапи на Детската Евровизија со песна на Васил Гарванлиев, Давор Јордановски и Весна Малинова

Од:

На Детската Евровизија, што на 19 декември ќе се одржи во Париз, Бугарија ќе ја претставуваат Денислава Димитрова и Мартин Стојанов со песната „The Voice of Love“, чии автори се македонското трио Васил Гарванлиев, Давор Јордановски и Весна Малинова.

Официјалното претставување на песната „The Voice of Love“ ќе се одржи в сабота во емисијата „Денот започнува со Георги Љубенов“ на БНТ 1.

Денислава Димитрова и Мартин Стојанов потекнуваат од вокалното студио „Сарандев“ од Добрич. Тие имаат освоено бројни награди, а музиката е дел оÐ ´ нивниот живот уште од раното детство. Како дует настапуваат од 2017 година под раководство на вокалниот педагог Елена Карабелова.

На 19-то издание на Детската Евровизија ќе настапат изведувачи од 19 земји.

Би можело да ве интересира

Официјално претставена бугарската песна за Детската Евровизија 2021

Ана Ололовска

Децата од „Дајте Музика“ ќе настапат на детскиот Евросонг со песната „Green forces“

Ана Ололовска

Децата од „Дајте музика“ наши претставници на јуниорскиот Евросонг 2021

Ана Ололовска

Заеднички концерт на Васил Гарванлиев и Викторија во Приморско

А1он

ВИДЕО: Солиден настап на Васил Гарванлиев, но нашиот претставник не влезе во финалето на „Евросонг“

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Гарванлиев со солзи во очите: Бугарското државјанство го извадив за да не бидам депортиран од САД

Искра Манојлоска